Утрински Весник
Свет

Со ковид заразен епископот Давид кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Со ковид заразен епископот Давид кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен со коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болница (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави РТС.

Владиката Давид вчера го служеше погребното опело и литургијата на погребот на патријархот Иринеј.Како што потврди РТС, епископот Давид бил тестиран по погребот на патријархот и наодот бил позитивен.

Тој нема пневмонија, а поради симптоми на кашлица бил сместен во болница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 700 луѓе загинаа во израелските напади низ Либан

Tрамп најави нови напади во Иран следната недела

Единствената фабрика за вештачки ѓубрива во Романија се затвора