Утрински Весник
Економија

Со Еразмус+ до европско образование

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сон на секој студент е да учи на некој од престижните светски универзитети и таму да го надградува своето знаење, но поради финансискиот товар, не сите успеваат да се запишат на универзитетот кој го сакаат. Желбата никогаш не треба да запре, бидејќи и кај нас постои можност да се студира на некој од европските универзитети, преку програмата Еразмус+.

Фокусот на програмата Еразмус+ е зајакнување на потенцијалот на младите за активно учество во граѓанското општество, развој на лидерски вештини, солидарност и разбирање меѓу културите. Еразмус+ промовира препознавање и евалуација на стекнатите квалификации во образованието, отворен пристап до едукативни материјали, документи и медиумски содржини создадени во финансирани проекти и пошироко, како и меѓународната димензија на активности, повеќејазичност, еднаквост и инклузивен пристап до образование.

Во последните две години, фокусот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН е ставен на проекти за поттикнување на иновациите и развојот во високото образование, истовремено промовирајќи ја размената на знаења и искуства на европско ниво. Програмата Еразмус+ е исклучително важна за зајакнување на капацитетите на образовни институции, преку мобилност на професори, истражувачи и студенти.

Секој студент кој одлучил да студира на некој од факултетите на АУЕ – ФОН, преку програмата Еразмус+ има можност да ги прошири своите хоризонти и да се стекне со знаење по светски стандарди. Благодарение на ваквите меѓународни соработки со останатите европски универзитети, студентите кои се дел од АУЕ – ФОН може да студираат од 3 до 12 месеци во Европа.

Последниот Еразмус+ проект на АУЕ – ФОН е во траење од 2020-2023 година, а соработка имаат со Универзитетот Сингидунум од Белград, Универзитетот Пантеон во Грција, како и универзитетите од Италија – Ориентале и Верона. Целта на проектот е да се зајакне и развие демократизација, толеранција и помирување на Балканот, за надминување на меѓудржавните спорови и националистичките политички дискурси.

За повеќе информации околу Еразмус+ програмата, центар за консултации на АУЕ-ФОН е секогаш достапен.

 

(ПР текст)

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна