Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Со електронски звуци група ентузијасти од Берово упатија порака за зачувување на шумите

Со електронски звуци група ентузијасти од Берово упатија порака за зачувување на шумите
300x250 opst2

Берово, 27 мај 2020 (МИА) – Во Берово успешно заврши музичкиот настан „Манакиа Саунд Фактори“: Во рамки на настанот група ентузијасти и вљубеници во електронската музика со свој четиричасовен ди-џеј сет, во месноста Манакија, на иновативен начин испратија порака за стопирање на уништувањето и загадувањето на Беровските шуми.

Како што информираше еден од организаторите и учесник во настанот Сенад Расимов, целта е да се вклучи алармот за зачувување на природата и шумата.
-Преку овој настан на кој освен јас учествуваа и Дидо заедно со перспективниот Андреј, сакаме да искажеме голем револт спрема неконтролираното уништување, загадување и сечење на нашето непроценливо богатство. Ваквиот чин на освестеност за природата се надеваме дека ќе биде пример за идните генерации, од кои зависи опстојувањето на човечкиот род на оваа планета, истакна Расимов кој меѓу беровчани е познат и како ДЈ Сене.
Во моментот додава тој, се подготвува сличен настан кој ќе се одржи повторно во пределите на Малешевијата.
-Локацијата за следниот настан нема да ја откриеме поради мерките за заштита, но за уште поголемо подигање и креирање на јавното мислење секоја поддршка и соработка е добредојдена. Она што не радува е интересот од граѓаните кои ни ја изразија целата нивна поддршка, додаде Расимов.
Во рамки на првиот настан „Манакија Саунд Фактори“ учесниците најпрвин спроведоа акција за чистење на дел од прекрасната борова шума, додека стејџот го украсија со био материјали.вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон