Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Со организираните хуманитарни авионски летови од Виена и Базел денеска се очекува во земјава да пристигнат вкупно 360 наши државјани кои потоа со автобуси ќе бидат префрлено до утврдените хотели за државен карантин.
Владата на Република Северна Македонија соопшти дека е подготвен безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани.-За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин, се наведува во соопштението од Владата.
Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои вечер пристигнуваат со летот од Базел, пак, во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.
Од Владата со порака до лицата во државен карантин што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати граѓани апел да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.
Вчера од Германија со два лета беа вратени 354 македонски државјани, Синоќа 50 минути по полноќ авионот од Бон со 180 наши државјани слета на скопскиот аеродром, а претходно дента од Берлин со авион беа вратени 176 лица, Согласно протоколите за државни карантини, тие се упатени и сметсени во хотели каде ќе поминат 14 дена во изолација.Министерот за надворешни работи Никола Димитров на фејсбук информира дека во летот на Визер кон Германија беа однесени и странски државјани од Скопје. вг/са/