Утрински Весник
Македонија

Со вчерашните 111 заразени од КОВИД-19, бројот на активни случаи во земјава е 1 226

Со вчерашните 111 заразени од КОВИД-19, бројот на активни случаи во земјава е 1 226

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1 226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени.

Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа следуваат Куманово – 11, Штип – 12, Тетово – 8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3 025, бројката на оздравени пациенти е 1 646, а на починати е 153.

По општини активни случаи во Скопје најмногу има во Чаир – 152. Во Бутел се 59, Гази Баба – 58, Аеродром – 53, Сарај – 52, Центар – 52, Карпош – 40, Кисела Вода – 29, Арачиново – 23, Студеничани -18
Ѓорче Петров – 17, Илинден -17, Шуто Оризари – 12, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се осум, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во рамки на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани вчера девет тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на Ковид -19. мс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Партиските органи ќе одлучат за излегувањето од Владата, на Мицкоски лично ќе му објаснам

Чествување на 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на книга од академикот Митевски

ИФФК „Браќа Манаки” со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)