Утрински Весник
Македонија

Со видео порака во Словенија е одбележан Денот на македонскиот јазик 

Со видео порака во Словенија е одбележан Денот на македонскиот јазик 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Љубљана, 5 мај 2020 (МИА) – Деца на наши иселеници во Словенија со видео порака го одбележаат Денот на македонскиот јазик и азбука, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Таканарачената „приредба на далечина” ја направија ученици кои во Словенија го изучуваат македонскиот јазик и култура, под менторство на нивната наставничка Снежана Катарова, која веќе неколку години во повеќе словенечки градови одржува часови по македонски јазик за повеќе од шеесет деца.

Амбасадата на Северна Македонија во Словенија организираше приредба со учениците и прием по повод Денот на македонскиот јазик, но поради епидемијата на коронавирусот таа мораше да биде откажана.

Инаку, Словенија уште од 1993 година официјално дозволи во земјата слободно да се изучува и негува македонскиот јазик. ав/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе