Утрински Весник
Македонија

Со брза интервенција на полицијата пронајдено одземено возило во Скопје

10 санкции за непрописно вградени фолии

Денеска со брза интервенција на полицијата, во Бутел е пронајдено патничко возило “ауди”, сопственост на Р.Ф., кој околу 15.00 часот во Полициска станица Чаир го пријавил дека му било одземено.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тој возилото го оставил со клучеви во брава, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото внимание било искористено и возилото му било одземено.

По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на ул. “Гвадалахара”.

По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот.

Можете да прочитате

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка

Каранфилова Пановска: Новиот јавен обвинител мора да постапи по сите индиции за криминал на власта