Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Со „Благодарам“ на Ајфеловата кула ќе им се оддава почит на мобилизираните во борбата против коронавирусот

Со „Благодарам“ на Ајфеловата кула ќе им се оддава почит на мобилизираните во борбата против коронавирусот
Img 7972

Париз, 27 март 2020 (/) – Со пораки испишани на Ајфеловата кула, секоја вечер, почнувајќи од денеска, ќе им се оддава почит на луѓето што се мобилизираат во борбата против коронавирусот. На оваа туристичка атракција во Париз ќе биде испишано „Мерси“ (Благодарам), како и пораки што ги охрабруваат луѓето да останат во своите домови, јави дописникот на /.

– Од петок, секоја вечер од 20:00 часот до 23:00 часот, Ајфеловата кула ќе им оддаде почит на сите оние што се мобилизирани против „Ковид-19 “ со проектирање пораки за благодарност и покана за останување дома“, велат од Градот Париз во соопштение за печат.

– Во 20:00 часот, „Мерси“ ќе се појави на Ајфеловата кула во знак на почит на медицинскиот персонал, полицијата, жандармите, пожарникарите, агентите на градот Париз, спасувачите, болничарите, војниците, касиерките и касиерите, собирачите на ѓубре, трговците, разнесувачите, волонтерите, помагачите, здруженијата и на парижанките и парижаните, сите мобилизирани против „Ковид-19“. Потоа од 20:30 часот до 23 часот, ќе има две наизменични пораки, соодветно на француски и на англиски јазик „Остани дома “, со цел да се потсетиме дека ограничувањето на движењето на минимум помага да се спасат животи.

Од градот Париз прецизираат дека ова осветлување ќе се изврши технички од далечина. тг/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?