Утрински Весник
Македонија

Со автомобил удрил во животно на патот Гостивар-Кичево – повредено едно лице

Со автомобил удрил во животно на патот Гостивар-Кичево – повредено едно лице

Патничко возило „поло“ удрило во животно. Во несреќата тешко е повреден 48-годишниот сопатник.

Според информации од полицијата, ноќеска во 00:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на мостот на река Вардар патничко возило „поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(27) од Гостивар удрило во животно.

Во несреќата сопатникот Г.М.(48) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари