Утрински Весник
Македонија

Сојузот на средношколци најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколци најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од ноември, доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат комбинирана настава.

Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи рече дека ова треба да се сфати како ултиматум до министерката Царовска и министерот Филипче.

„Доколку епидемиолошката состојба во октомври е стабилна, тогаш учениците треба постепено да се враќаат во училиштата со комбиниран модел. Ако тоа не се случи, секој ученик ќе ја бојкотира онлајн наставата во ноември“, велат од Сојузот.

Оттука истакнаа дека нивното главно барање за комбиниран модел на настава – онлајн и со физичко присуство било одбиено. Сепак, како што посочија, институциите на нивно барање се согласиле учебната година да почне од 1 октомври, праксата да се одвива со физичко присуство, а домовите да профункционираат со половина од капацитетите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи