Утрински Весник
Свет

Сојлу: САД стојат зад обидот за пуч во Турција во 2016 година

Сојлу: САД стојат зад обидот за пуч во Турција во 2016 година

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, ги обвини САД дека стојат зад неуспешниот пуч во 2016 година.

Весникот „Хуријет“ потсетува дека за пучот Анкара обвини муслимански проповедник со седиште во САД.

Сојлу за „Хуријет“ изјави дека Соединетите Американски Држави го контролирале обидот за државен удар додека мрежата на Фетулах Ѓулен го спроведувала.

„Јасно е дека САД стојат зад 15 јули. ФЕТО го стори тоа по нивна наредба“, рече тој.

Американски официјални лица не биле достапни за коментар, но Вашингтон претходно негираше каква било вмешаност. САД постојано ги отфрлаат барањата на Турција за екстрадиција на Ѓулен, наведувајќи го недостатокот на веродостојни докази од Анкара.

Повеќе од 250 лица беа убиени во обидот за соборување на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата влада на 15 јули 2016 година.

Анкара долго време го обвинуваше проповедникот Фетулах Ѓулен, поранешен сојузник на Ердоган, кој живее во Пенсилванија, и неговото движење, за кое Анкара ja користи кратенката „ФЕТО“. Ѓулен негира каква било вмешаност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење