Утрински Весник
Свет

Социјалната мрежа ТикТок го напушта Хонгконг

Социјалната мрежа ТикТок го напушта Хонгконг

Кинеската социјална мрежа ТикТок за неколку дена го напушта пазарот во Хонгконг, најави портпаролот на компанијата за Ројтерс, додека другите технолошки компании, вклучително и Фејсбук, го прекинаа процесирањето на владините барања за пристап до податоци во Хонгконг.

Апликацијата во сопствеништво на компанија со седиште во Кина, „БајтДенс“ одлучи да го напушти Хонгконг по воведувањето на законот за национална безбедност.

„ Во светло на неодамнешните случува одлучивме да ја прекинеме операцијата на апликацијата ТикТок во Хонгконг“ рекол портпаролот на ТикТок.

Компанијата, која моментално ја предводи поранешниот директор на „Волт Дизни“, Кевин Мајер, претходно порача дека податоците на корисниците на апликацијата не се зачувани во Кина.

ТикТок исто така соопшти дека нема да се согласи со барањето на кинеската влада за цензурирање на пристапот на апликацијата или за пристап до податоци на корисниците на ТикТок. Тие исто така додаваат дека никогаш не добиле такво барање од кинеската влада.

Минатиот август, ТикТок соопшти дека привлекле 150 илјади корисници во Хонгконг.

Глобално ТикТок е инсталиран над 2 милијарди пати на мобилен, покажуваат податоците на компанијата за аналитика „Сензор Тауер“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница

Франција: Сите возови од утрово сообраќаат нормално