Утрински Весник
Магазин

Софија Вергара снима сцени од новата серија „Гризелда“

Софија Вергара снима сцени од новата серија „Гризелда“

Софија Вергара во четвртокот попладне во Лос Анџелес снимаше сцена од претстојната лимитирана серија на Нетфликс „Гризелда“.

49-годишната актерка беше речиси непрепознатлива бидејќи носеше неколку протези на лицето што ѝ помогнаа да се трансформира во починатата колумбиска нарко-кралица Гризелда Бланко.

Серијата е инспирирана од вистинска приказна за Бланко и начинот на кој започна трговија со дрога од Колумбија до својата база во Мајами.

„Особините на посветена мајка и смртоносниот микс на шарм и незамисливо дивјаштво ѝ помогнаа да го најде патот меѓу семејството и работата, поради што стана нашироко позната како ‘Кума’“, се наведува  во описот на серијата за кралицата на дрогата.

Вергара, која воедно е и извршен продуцент на серијата, во една прилика рече: Нејзината немилосрдна, но генијална тактика ѝ овозможи да владее со империја вредна милијарда долари многу години пред најозлогласените кралеви на дрога за кои сме слушнале.“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста