Утрински Весник
Македонија

„Соундси“ од „Георги Димитров“ – најдобра ученичка компанија

„Соундси“ од „Георги Димитров“ – најдобра ученичка компанија

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Ученичката компанија “Соундси” од Средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.е победник на Националниот натпревар на најдобра ученичка компанија за годинава.

Оваа година на Националниот натпревар што трета година по ред го организира Џуниор Ачивмент Македонија, во рамките на програмата за ученички компании, се пријавија 25 ученички компании од 18 средни училишта од земјава

Програмата на Џуниор Ачивмент (ЏА) преку тимска работа и дружење ги учи и ги поддржува младите луѓе при стекнување на практично искуство за водење бизнис, финансиска писменост, подготвеност за работа и претприемничко образование.  Учениците формираат свои ученички компании и предлагаат производи или услуги. Натпреварот е можност за претставување на целокупното работење на ученичките компании во јавноста.

Како што наведуваат организаторите, оваа учебна година, состојбата со пандемијата наметна нов изменет модел на натпреварот со употреба на новите технологии и нови интернет алатки за претставување на ученичките компании по виртуелен пат.  Низ двете фази од натпреварот, сите 25 ученички компании имаа можност да ги презентираат производите и услугите кои ги развивале за време на учебната година, додека во втората фаза учествуваа  најдобрите 10 ученички тима, избрани од петчлената комисија.  Десетте финалисти имаа можност на 16 и 17 јуни да се натпреваруваат за титулата Најдобра ученичка компанија за 2020 година.

Официјалниот настан за прогласување на Најдобрата ученичка компанија се одржа вчера кога беа доделени и награди за најдобар наставник и најпретприемничко училиште.

Преку свои видео пораки, на учесниците им се обратија: Салваторе Нигро, извршен директор на ЏА Европа, кој истакна дека учениците се темел на идната работна сила на нашата земјаЕрик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД, кој нагласи дека програмата е инвестиција не само во учениците туку и во иднината на земјата.Јован Деспотовски, претставник на ФИТР, ги повика младите луѓе да останат во земјата и да придонесат со своите идеи и иновации во својата држава,. Министерот за образование и наука Арбер Адеми, пак, ја истакна важноста од партнерства со организации кои го помагаат воспитно образовниот процес, особено во претприемничкото образование кои ќе влијаат во промените и донесат економски просперитет.

Победникот на Националниот натпреварученичката компанија Соундси од средно училиште Георги Димитров од Скопје ќе учествува на Европскиот натпревар на ученички компании, кој годинава се оддржува виртуелно од 22-24 јули со присуство на 40-тина национални победници од земјите членки на Џуниор Ачивмент Европа. Второ и трето пласираните ученички компании од средно училиште Владо Тасевски од Скопје и средно училиште Јосиф Јосифовски од Гевгелија беа исто така наградени од овогодинешните спонзори GDI, SEMOS едукација и ПАКОМАК.

Натпреварот е поддржан од  Американската агенција за меѓународен развој УСАИД и Фондот за иновации и технолошки развој, а го реализира организацијата Џуниор Ачивмент Македонија. вг/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот