Утрински Весник
Магазин

„Соул“ оди директно во стриминг-сервисот „Дизни плус“

„Соул“ оди директно во стриминг-сервисот „Дизни плус“
Dik 300x250 mk

Новиот анимиран филм на „Пиксар“, „Соул“, кој требаше да се појави во кината во ноември, наместо тоа ќе дебитира на стриминг сервисот „Дизни плус“ на Божиќ, соопшти „Волт Дизни ко“ во четвртокот.

Анимираната комедија ќе игра во киносалите само на пазарите каде „Дизни плус“ не е достапен во моментов, или нема да биде наскоро, се вели во соопштението на компанијата.

Дизни тестира нови начини за објавување филмови во прв план, додека пандемијата на коронавирусот ја ограничува посетеноста во кината, особено во САД. Компанијата се обидува да привлече повеќе клиенти во „Дизни плус“, кој има регистрирано повеќе од 60 милиони претплатници ширум светот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Потребни се донации: Двајцата родители останале без работа, а имаат 9 месечно бебе и се во многу лоша состојба

Славски колач за Света Петка – црковен рецепт стар со векови

Кога треба да ставиме зимски гуми