Утрински Весник
Македонија

Сотирова-Бухова: Лицата во изолација и самоизолација да го почитуваат протоколот за излегување

Направени се 639 вонредни надзори во болници, нема поголеми неправилности

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Лице кое е ставено со решение на Државниот санитарен здравствен инспекторат ДСЗИ позитивно на Ковид 19 за лекување и изолација може да го напушти местото каде што е изолирано со најава на бројот 192, но претходно со координација од матичниот доктор, епидемиолог или специјалист инфектолог во најблиската болница.

За ова денеска информираше директорката на ДСЗИ Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата по извршените инспекциски надзори во Центарот за јавно здравје Куманово, Здрвствен дом Куманово- единица за медицинска помош, Општата болница Куманово  и Одделението за инфективни болести во Куманово каде нагласи дека само со јавувањето на 192 по издаденото решение не се овозможува излегување надвор од протоколот.

Директорката на ДСЗИ апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките и правилата бидејќи, како што рече, доколку сите позитивни на Ковид19 самоволно излезат без почитување на протоколот ќе  ги доведат во опасност граѓаните на државава да ги заразат со вирусот. Овој апел, според неа, е поради случувањата од пред неколку дена во Куманово каде самоволно лица во самоизолација ги напуштале своите домови за да се тестираат без почитување на протоколот.

-Согласно решението издадено од ДСЗИ и протоколот за позитивни лица, тестирањето на позитивни лица кои се наоѓаат во домашна самоизолација и домашно лекување се изведува исклучиво по 14-от ден во временска разлика од 24 до 48 часа во лабораторија на Институтот за јавно здравје Скопје, истакна Бухова Сотирова.

Таа информираше дека од 30 март до вчера,  ДСЗИ има издадено 3.324 решенија за домашна самоизолација по основ на контакти и 994 решенија на лица позитивни кои се на домашно лекување и домашна самоизолација.бк/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата