Утрински Весник
Македонија

Сотирова-Бухова: Веќе се изречени решенија во институциите каде се констатирани недостатоци при инспекцискиот надзор

Сотирова-Бухова: Веќе се изречени решенија во институциите каде се констатирани недостатоци при инспекцискиот надзор

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – При извршените повеќе од 700 инспекциски надзори во јавни и приватни здравствени институции, таму каде се констатирани одредени недостатоци веќе се изречени решенија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) продолжува со контроли по веќе доставените решенија.

Ова денеска го истакна директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Во врска со случајот со препродавање ракавици од Клиниката за нефрологија, Сотирова Бухова рече дека таму веднаш ќе почнат вонреден инспекциски надзор. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава против струшкиот градоначалник

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари