Утрински Весник
Македонија

СОС Детско село одбележува 19 години постоење

СОС Детско село одбележува 19 години постоење

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – СОС Детско село денеска одбележува 19 години постоење и работа со деца без родители и родителска грижа, поддршка на семејства во социјални ризици и млади на кои им е потребна поддршка во осамостојувањето и интеграција во заедницата.

За овие 19 години посветеност СОС Детското село, како што соопшти, создаде топол дом, љубов и грижа за 200 деца без родители и родителска грижа, поддршка на повеќе од 60 млади без родители и родителска грижа а на почетокот на нивниот независен живот беше тука за вкупно 35 млади лица.

СОС Детско село посочи дека досега има поддржано и 313 семејства во социјален ризик со вкупно 911 деца, помогна на 470 млади невработени лица, отвори 56 мали бизниси и вработи 155 лица.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе