Утрински Весник
Македонија

Состојбата во Гостиварско е под контрола, две лица го прекршиле „полицискиот час“

Состојбата во Гостиварско е под контрола, две лица го прекршиле „полицискиот час“

Гостивар, 23 март 2020 (МИА) – Состојбата во Гостивар и околината е под контрола и во голема мера се почитуваат мерките. Во текот на ноќтта, две лица го прекршиле ограничувањето за движење, беше кажано на состанокот на кризниот штаб, што денеска се одржа во Општина Гостивар.

На состанокот, на кој присуствуваа претставници на ресорните министерства и институции, беше констатирано дека координацијата меѓу нив е добра. Од полицијата информираа дека под надзор се наоѓаат 195 лица кои имаат решенија и препораки за самозилоација и тие се контролираат два пати дневно. На едно лцие кое го напуштило домот, му е поднесена кривична пријава, а со поднесок до обвинителството ќе се соочат и две лица кои не го почитувале „полицискиот час“. Покрај патроли кои ќе се движат во ноќните часови, низ градот и околината се поставени седум полициски пунктови на кои ќе се контролира движењето на граѓаните

Локалната самоуправа, во нарениот период ќе ги засили мерките за миење и дезинфекција на јавните површини, а планира и дезинфекција на колективните стамбени згради. Во план е да се воведе и дезинфекција на возилата кои доаѓаат во градот.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари на прес-конференцијата напомена дека на состанокот не присуствувале претставници на некои институции, бидејќи, како што кажа, добиле партиски инструкции.

Директорот на болницата Јакуп Јакупи ги отфрли обвинувањата, а не доаѓањето на состанокот го оправда со работните обврски.

– Синоќа имав дежурство и од рано утрово имам обврски кои ги налага состојбота. Деновиве добиваме донации од граѓани и фирми кои мора да се распределат. Ваквиот однос и обвинувања се некоректни, изјави за МИА Јакупи директорот на Општата болница „Ферид Мурад“

Тој кажа дека во моментов на Инфективното одделение во излоација има две лица, од кои едното е позитивно на коронавирисот, а за другото се чекаат резултати од тестовите.згм/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер