Утрински Весник
Свет

Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан
Dik 300x250 mk

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите од Западен Балкан,
како и за партнерско дејствување во соочувањето со глобалните предизвици.

Во подготвителниот документ за денешната министерска сесија на ЕУ се наведува дека ќе се разгледа како да се обликува заедничката иднина во рамките на Европската Унија преку итни и заеднички активности, со цел зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ќе им претстави на министрите „нон-пејпер“, во кој се наведува дека јасна цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ, и секој предлог во друга насока е одвлекување на вниманието со лоши последици и тешка работа што нужно мора да се направи за да се постигне визијата за обединета, силна и просперитетна Европа, пишуваат европските агенции.

Неименуван висок претставник на ЕУ изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ сакаат да утврдат како да се зајакне соработката со Западен Балкан заради стабилноста и безбедноста во самата ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Унијата ќе го разгледаат ова понатаму во вторник, а шефовите на држави или влади треба да разговараат во јуни за тоа како да ги вметнат односите со Западен Балкан во стратешките приоритети на ЕУ.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил