Утрински Весник
Спорт

Сопствениците на тимовите во Формула 1 можеби нема да успеат да склучат нов договор пред почетокот на сезоната 2021 година

Мексико останува во календарот на Формула 1
Dik 300x250 mk

Лондон, 8 мај 2020 (МИА) – Промоторот на Формула 1, Чејс Кери изјави дека Формула 1 може да ја започне сезоната 2021 година, дури и ако сопствениците на тимовите не се договорат на време за условите и да склучат нов договор за согласност за регулирање на финансиските услови.

– Дојдовме до последните ставови од Договорот за согласност, кога коронавирусот сврте сè наопаку. Решивме да го одложиме Договорот за некое време и прво да се справиме со проблемите поврзани со 2020 година. Кога се справуваме со календарот и ќе завршиме со промена на правилата заедно со тимовите, можеме да се вратиме на договорот, изјави Кери.

Во исто време, сопствениците на Ф1 од „Либерти Медиа“ се подготвени еднострано да ги утврдат правилата за 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен