Утрински Весник
Спорт

Сопствениците на Сити купија деветти клуб

Сопствениците на Сити купија деветти клуб

Манчестер, 11 мај 2020 (МИА) – Сопствениците на Манчестер Сити го завршија договорот за купување на белгиски Ломел СК.

Клубот, кој моментно е во втората лига, станува третиот европски тим во сопственост на „Сити Фудбал Груп“.

Холдингот веќе поседува вкупно девет фудбалски клубови ширум светот – Манчестер Сити, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Жирона, Јокохама Маринос, Сичуан, Монтевидео Сити, Мумбаи Сити и Ломел.

Според медиумите на Островот, „Сити Фудбал Груп“ го стекнале Ломел, откако понудиле да ги покрие долговите на клубот, кои изнесуваат 1,75 милиони фунти.

Тимот во моментов е на шестото место во втората лига на Белгија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот