Утрински Весник
Македонија

Сопствениците на дискотеки во Скопје го откажаа протестот, Спасовски ќе го решел нивниот проблем

Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажа протестот пред Владата, кој требаше да се одржи во среда со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Оттаму велат дека причина за откажувањето на протестот е заложбата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој како што додаваат од иницијативата,
ги слушнал нивните барања за спас на ноќниот живот во Скопје.

„ Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува“ порачаа од иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“.

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината

Тони Михајловски: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер за култура

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата