Утрински Весник
Македонија

Сопственик на ресотран во Чегране имал нелегална мини зоолошка градина

Сопственик на ресотран во Чегране имал нелегална мини зоолошка градина

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од јавен обвинител, денеска извршиле контрола во угостителски објект во селото Чегране.

Како што информираат од МВР, при извршената контрола пронајдена е мини зоолошка градина, која е во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи.

По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: Платформа на ВМРО за уривање на СДСМ и дефокус

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање 

Приведени 16 возачи, 11 од нив возеле без возачка дозвола