Утрински Весник
Спорт

Сопружници од Далас залудно патуваа до Барнли, Кејн ги покани да му бидат гости во Лондон

Сопружници од Далас залудно патуваа до Барнли, Кејн ги покани да му бидат гости во Лондон

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, ги израдува навивачите кои 31 час патувале за да го гледаат натпреварот на својот омилен тим со Барнли. На крајот поради лошите временски услови Премиер лигата го одложи натпреварот.

Сопружници од Далас биле разочарани од епилогот. Тие патувале 31 час за до следат дуелот на Тотенхем на „Турф Мур“ во Барнли.

На „Твитер“ ја споделиле својата приказна. Објавата ја забележал Кејн кој решил да реагира.

Капитенот ги повикал да бидат негови гости на наредниот натпревар во Лондон. Ветил дека ќе им ги покрие трошоците и дека ќе уживаат на стадионот на Тотенхем во северен Лондон.

> Сопружници од Далас залудно патуваа до Барнли, Кејн ги покани да му бидат гости во Лондон <

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал