Утрински Весник
Магазин

Сопругот на кралицата Елизабета закрепнува по операција на срце

Сопругот на кралицата Елизабета закрепнува по операција на срце

Војводата од Единбург, принцот Филип, бил подложен на „успешна процедура за постоечка срцева состојба“ и ќе остане во болница уште неколку дена до целосно закрепнување, соопштија од Бакингемската палата.

Дедото на принцот Хари бил опериран вчера во болницата „Свети Бартоломеј“ во Лондон, најдобрата болница за срце во Велика Британија, откако бил пренесен таму во понеделникот од приватната болница „Кинг Едвард Седми“ во Мерилбоун каде се лекуваше од инфекција.

Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург принцот Филип беа вакцинирани против коронавирусот на 9 јануари.

Војводата од Единбург ќе наполни 100 години на 10 јуни.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Менкипинг“- загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски

Како нередот во домот тивко влијае на стресот и расположението

Три хороскопски знаци што имаат природен талент за успех и пари