Утрински Весник
Магазин

Сопругата на Џони Деп ќе сведочи во врска со наводите за семејно насилство

Сопругата на Џони Деп ќе сведочи во врска со наводите за семејно насилство

Актерката Амбер Херд денес треба да се појави во суд во Лондон каде што треба да ги докаже нејзините тврдења дека претрпела семејно насилство од страна на поранешниот сопруг Џони Деп. Нејзиното сведочење е дел од судскиот процес за клевета на холивудската sвезда Деп против британскиот таблоид „Сан“.

Високиот суд во Лондон во последниве две недели сослуша сведочења од неколку луѓе, вклучително и Деп, кој цели пет дена говореше за нивниот проблематичен брак, откривајќи потресни сцени од караници.

Деп, една од најплатените филмски ѕвезди во светот, го тужи издавачот на таблоидот „Сан“ – News Group Newspapers – за напис во кој го нарекуваат тепач на сопругата, што ја доведе во прашање неговата улога во продожението на „Фантастични ѕверови“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светскиот куп во сноуборд крос по втор пат во ски-центарот Паландокен во Ерзурум

Колку е добро да се пие кафе по јадење?

Дневен хороскоп за 23 февруари 2026