Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Таа лета со сопствени крилја“ 

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Таа лета со сопствени крилја“ 
Img 7972

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на денешниот настан „Таа лета со сопствени крилја“, организиран во рамките на иницијативата за Западен Балкан на шведскиот Институт за претприемништво кај жените, а поддржан од Амбасадата на Шведска во земјава.

Во своето обраќање пред присутните на настанот, Ѓоргиевска истакна дека успехот, како и многу други важни нешта во животот немаат возраст и дека на патот кон успехот младите жени треба да бидат самоуверени, да комбинираат амбиција и инспирација и да го најдат своето идеално место, соопштија од Кабинетот на претседателот.

– Вашата приказна може да инспирира некој друг, затоа споделете ја со другите и поддржете и други жени да успеат, рече Ѓоргиевска и додаде дека образованието е многу важно и затоа и таа се трудела да учи од најдобрите.

Таа исто така порача дека работните места не треба да се етикетираат како „женски“ или како „машки“, туку дека сите треба да се стремиме кон постигнување  поголема родова еднаквост.

На настанот свои искуства од областа на претприемништвото пренесоа успешни жени од бизнис секторот од повеќе странски земји меѓу кои и професори од Универзитетот Лунд од Шведска со цел истите да мотивираат и инспирираат за вклучување на жените во светот на претприемништвото.

Проектот е инициран од три млади жени кои беа дел од обуката за иновации и претприемништво на Шведскиот Институт во Лунд, a составен дел од настанот беше и церемонијата на доделување на признанија на Ирена Јакимовска, Гзиме Фејзи и Фатма Бајрам Аземовска за нивните достигнувања како успешни жени во своите области на делување. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

„Божиновска: Вратите на Министерството се отворени за студентите – потпишан Меморандум со Машинскиот факултет“