Утрински Весник
Македонија

Сопругата на Пендаровски во посета на Центарот за жртви од семејно насилство во Струмица

Сопругата на Пендаровски во посета на Центарот за жртви од семејно насилство во Струмица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска го посети Ценатрот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица.

„Таа се запозна со лицата кои се жртви на семејно насилство, како и со дел од тимот кој им ја пружа неопходната помош“, информираат од Кабинетот на претседателот.

Додаваат, дека целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.

Од Центарот известуваат дека е забележано зголемување на бројот на случаи на семејно насилство поради пандемија со Ковид-19 и поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања.

Токму затоа, велат од таму потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават истото и да ја добијат потребната заштита, згрижување, како и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството.

Од Центарот информираат дека лицата-жртви од семејно и родово базирано насилство покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траума, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување на финансиска независност.

„Со овие активности им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за различни социјални вештини“, велат надлежните од Центарот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата