Утрински Весник
Свет

Сопругата на командантот на Азов: Звучеше како да се збогува со мене

Украинските борци кои се спротивставуваат на руските сили во тунелите под челичарницата во Мариупол, одбиваат да се предадат и покрај жестоките руски напади, пишува „Скај њуз“, додавајќи дека борбите во последното упориште на украинските бранители во разурнатиот град се интензивираат.

„Нема да се предадат. Се надеваат на чудо“, изјави телефонски за „Скај њуз“ Катарина Прокопенко, сопруга на командантот на полкот Азов Денис Прокопенко, кој е сместен во Азовстал. Таа вели дека разговарала со него на телефон.

Таа рече дека нејзиниот сопруг и рекол дека ќе ја сака засекогаш.

„Полудувам. Тој звучеше како да се збогува со мене“, рече Прокопенко.

Се верува дека во тунелите под Азовстал се уште има околу 2.000 украински борци.

Можете да прочитате

Велика Британија ги осуди нападите на Иран врз британско-американската база и ги нарече неодговорни

Две лица го загубија животот, а петмина се повредени во лавина во Јужен Тирол

ЕУ ги повика земјите-членки да не чекаат да ги наполнат складиштата за гас