Утрински Весник
Македонија

Соопштение од СДСМ за реконструкцијата на Коридорот 8

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да крева партиска хистерија, сите предлози да ги доставува преку Наќе Чулев, нивен претставник и министер во Владата

22 јуни 2020

Кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот не ги попречи капиталните инвестиции, туку напротив во целата државаа се гради со забрзано темпо и со почитување на сите протоколи за заштита.

Целиот Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа со која нашата земја се поврзува со соседна Република Бугарија.

Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од двете земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.

Во источниот дел на земјата во тек е рехабилитација на патниот правец Крива Паланка-Ранковце, а Штип и Кочани се поврзуваат со брз и безбеден експресен пат со кој патувањето од Скопје до истокот на земјата се скратува за цели 30 минути.

Граѓаните од целиот источен регион, Штип, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пробиштип, Злетово директно ќе почувствуваат придобивки од изградбата на овој експресен пат.

Воедно овој патен правец преку поврзувањето со автопатот Миладиновци-Штип е дел од Коридорот 8 и претставува безбедна и брза патна врска со Бугарија.

Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвараат нови работни места, ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин.

Главниот фокус во работењето на СДСМ е изградба на квалитетна инфраструктура која ќе донесе долгорочни придобивки за развој на економијата и за сите граѓани во државата.

Инвестициите во инфраструктурата и темпото на изградба уште позабрзано ќе продолжат по победата на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ на изборите на 15 јули.

Граѓаните знаат дека со СДСМ иднината е обезбедена и сигурна.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста 

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб

ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано може да предизвика здравствени проблеми

Маријана Илиевска е нова членка на Советот на јавни обвинители