Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение од ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Рекет“ и за корона кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време

 

Скопје, 19 јуни 2020

Вчера се потврди дека Заев бил главен во „Рекет“. Поради неговата алчност за лично, криминално богатење, пандемијата избега од контрола, а Македонија трпи човечки загуби.

Вистината дека Зоран Заев е главата на криминално рекетарскиот октопод излезе на виделина. Осудениот за „Рекет“ Бојан Јовановски вчера пред целата јавност потврди дека парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Конечно се докажа дека Катица Јанева и Боки 13 биле само извршители, а парите завршувале кај Заеви. Токму затоа и Заев нема доказ дека го пријавил случајот „Рекет“ пред тој да излезе во медиумите.

Исказот на Бојан Јовановски и работите кои јавноста претходно ги дозна од медиумите се доволна причина Заев да биде повикан во обвинителството и да се отвори истрага против него. Наместо тоа Русковска прво му даде време да прикрива докази, а потоа и да помине неказнет.

Додека Русковска упорно го штити аболицираниот Заев, заради неговата алчност страдаат граѓаните на Република Македонија.

Заев фокусиран да си ги спаси рекетираните пари, матните бизниси и политичката кариера, преку Филипче и Комисијата ја заразни болести ја продлабочи кризата со коронавирусот.

Заев и Филипче ја зацрнија Македонија и ја направија балканскиот Вухан. Додека Заев и Филипче лажат дека ситуацијата е под контрола и се е во ред, секојдневно броиме над 150 заразени и по неколку починати лица.

За нив во ред е вчера да имаме 182 заразени и 6 починати или само во јуни да има 2450 заразени и над 80 починати од коронавирусот.

Новата нормалност која Заев и Филипче ја форсираат во јавноста се вика 4.664 заразени и 216 починати лица од почетокот на пандемијата.

Системот на Зоран Заев се распаѓа од ден во ден се повеќе. Поради неговата неспособност, илјадници граѓани ги загубија работните места, а стотици илјади гладуваат.

Лажеа дека блескаме, а сега ги молат граѓаните да донираат пари додека врхушката на СДСМ блиска до Заев ужива во рекетираните милиони.

На 15 јули завршува бедата која ја донесоа Заев и СДСМ. Доаѓа времето кога ќе се поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами.

Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!

Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт