Скопје, 29 јуни 2020
Христијан Мицкоски денеска покажа дека свесно и намерно ги крши забраните заради заштита од коронавирусот, но и дека свесно и намерно бега од правдата.
Неговото денешно непојавување во полициска станица за случајот со неговото кршење на мерките и седење во затворен дел од ресторан кој не смеел да работи е непочитување на институциите, законите и обид за бегство од одговорност.
Дури и советникот на Наќе Чулев, Љупчо Андоновски кој заедно со Мицкоски ги кршел забраните се обиде да го извади својот шеф, преземајќи целосна одговорност, со што влезе во улогата ба возачот на Диме Спасов.
Режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ на дело. Шеф на опозициска партија и советник во кабинет на министерот за внатрешни работи прекршуваа забрани, а денеска на секој начин се обидуваат да избегаат од одговорност за тоа.
Во стилот на неговиот ментор од Будимпешта, Никола Груевски, Мицкоски крши закони и бега од правдата, но одговорноста нема да избега, нема да го испере ниту советникот на Чулев, Андоновски.
Мицкоски мора да понесе одговорност за прекршувањата на мерките и забраните, мора да има одговорност за тоа што свесно и намерно го загрозува јавното здравје додека сите капацитети се ставени во борба против коронавирусот.
СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.