Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение на СДСМ за унапредување на сопругата на Чавков

СДСМ: Третиот пакет економски мерки ќе ја зголеми приватната потрошувачка и ќе стимулира раст и промоција на домашните производи и услуги

 

Скопје, 13 јуни 2020

Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев, повторно се става над законот, во обид за партизација на институциите и враќање на режимот.

Чулев, без распишан интерен оглас во министерството за внатрешни работи, ја унапредил сопругата на Митко Чавков на  повисока позиција за три скалила погоре во МВР.

Ова е спротивно на систематизацијата и правилата за напредување во МВР, што сведочи за уште еден обид на Чулев, МВР да го претвори во ВМРО-МВРО.

Чулев не може да се одвои од режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и го интересира само како да го заштити својот шеф Христијан Мицкоски и како да им помогне на своите партиски другари.

Времето на режимот заврши, времето кога МВР се раководеше од Белиот дворец заврши, а на Мицкоски и на Чулев треба да им е јасно дека секој во државата ќе одговара за неодговорно и незаконско постапување.

Граѓаните знаат дека Наќе Чулев со своето неодговорно однесување во време на коронакризата, кога реши да не ги казнува лицата што ги прекршуваат мерките за заштита и рестрикциите на движење, е еден од највиновите за растот на бројот на инфицираните лица и тоа нема да му го простат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт