Скопје, 19 јуни 2020
СДСМ е одговорна партија на власт и грижата за децата и е врвен приоритет.
Вложувањето во младината е вложување во подобро утре, влог за младина со визија.
И во време на оваа криза со глобалната пандемија на КОВИД-19 инвестициите во инфраструктурата продолжуваат.
Изминатиот период Владата предводена од СДСМ инвестираше во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создаде услови за квалитетно сместување на 3.000 деца од предучилишна возраст.
Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки коишто ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки.
За само две години се изградија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите и во руралните средини.
Поради зголемениот број на жители, градинки се изградија во Општина Карпош со локација во Бардовци, во Тафталиџе, Општина Аеродром, Сопиште и Чаир.
Нови објекти се изградија и во Куманово, Кичево, Велес, Неготино, Прилеп, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Конче, вклучително и градинки во руралните средини во дел од истите општини односно, во село Џепчиште-Тетовско,Караслари-Велешко и село Чегране-Гостиварско.
Вложувањето во градинки, центри за детски развој, мали групни домови, училишта ќе продолжи и по победата на 15 јули.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.