Утрински Весник
Политички Партии

Соопштение на СДСМ за изградбата на инфраструктура

СДСМ: Со почитување на препораките се грижиме за нашето и за колективното здравје и им помагаме на здравствените работници

 

Скопје, 10 јуни 2020 

Владата предводена од СДСМ гради инфраструктура за сите и во вонредни околности поради коронавирусот, и тоа со забрзана динамика, почитувајќи ги сите мерки за заштита. Тоа е новото нормално и е помош на економијата во многу важен период.

Досега се инвестирани речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

Република Северна Македонија во 2019 и 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

Градиме 260 км автопати, 300 км експресни патишта и 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе до 1500 км постоечки патни правци.

Изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели.  Изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата.

Интензивно се работи на локалната инфраструктура во фаза во којашто е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што се одвоени 100 милиони евра за сите општини во државата.

Во изминатиот период ги подобривме и условите и во 28 јавно-здравствени установи.

Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици, додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.

СДСМ како одговорна партија, покажа домаќинско работење и водена од интересот на граѓаните пристапи кон сериозни инвестиции во инфраструктурата. Со тоа инвестираме во иднината и во самоодржливоста.

Со почит,
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт