Скопје, 6 јуни 2020
Бројката на заболени станува се поаларамантна, што е доказ дека на СДСМ не им е важно здравјето на граѓаните и без никаков срам сакаат избори.
Во услови кога голем дел од СДСМ и од Влада се во самоизолација, тие ги лажат граѓаните дека пандемијата е победена. Тоа само покажува дека тие не знаат и не умеат да се справат со ситуацијата.
Граѓаните ќе ги казнат конструкциите и местенките на СДСМ на следните избори. На партијата која го лажеше народот дека ќе донесе живот, дека просечната плата на Македонецот ќе биде 500 евра, ќе се изградат 500 километри автопат, народот веќе не им верува.
Според угледниот весник „Економист“ Македонија е класифицирана како хибриден режим, благодарение на режимското владеење на Заев и СДСМ, политичкиот прогон на неистомислениците како и физичкото и телефонското следење на политичкиот противник од страна на параполициски структури.
Овие три години откако се тие на власт освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки