Скопје, 13 јуни 2020
Македонија можеше и мораше подобро. Неспособноста на Заев се плаќа со човечки животи
Со СДСМ и Зоран Заев Македонија стана балкански Вухан. За 12 дена бројот на заразени од Ковид 19 е зголемен за повеќе од 50%.
Откако Зоран Заев им нареди на Комисијата за заразни болести и Венко Филипче да бидат политичари, а не лекари бројот на заболени секој ден е над 150.
Зоран Заев не ги послуша нашите совети, ниту советите на експертите, па мерките му се целосно задоцнети, а последиците ги живееме сите.
СДСМ прво се стави себе, па на крај граѓаните.
Македонија тоне во пандемија, а Заев наместо да мисли како првин да се спласне пандемијата и да се заштитат граѓаните и економијата мисли на себе.
Илјадници семејства се со намалени примања. Економијата тоне. Извозот е намален, а Заев нема план како понатаму. Со СДСМ само тонеме.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.