Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска Давкова се сретна со делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата

Мицкоски: Благодарност до ЕБР за нивната пожртвуваност и посветеност кон граѓаните и татковината

Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска, целосна и праведна разрешница