Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Прекин на сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен, граѓани запалила оган поради исклучена електрична енергија

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата се одвива по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 2 мај .2020 до 15 ноемри 2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила. ев/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија