Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено по суви коловози

Автопатот „Арбен Џафери“ утре ќе биде затворен за сообраќај

Скопје, 30 март 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Од 1 арил се очекува да биде отворен за сообраќај патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15 ноември 2019.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Намалено нивото на реката Вардар, во моментот нема опасност од излевање

Силниот ветер го однесе кровот на средно училиште во Гевгелија

Панчевски најави кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители