Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот по претежно суви коловози

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Валандово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно суви коловози. Внимателно возење се препорачува низ клисурите, каде има можност од појава на одрони особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини поради ситуацијата со коронавирусот се затворени освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб. бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари