Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Сообраќајот по влажни коловози, поради снег забрана за камиони на дел од патиштата

Поради снег забрана за камиони на патот од Маврово кон Дебар
Img 7972

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Поради врнежи од снег попладне од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти претходно Автомотосојузот на Македонија.

Во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат“ препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.ир/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Засилени сообраќајни контроли: 21 лице лишено од слобода за безобзирно возење

Пронајдени седум лица мигранти, лишени од слобода двајца криумчари, следува соодветна пријава

Шукова: Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која партија доаѓа