Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

Dik 300x250 mk

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

На патниот правец 2251 Пробиштип-Лесново од 31.05.2022 ќе бидат изведувани градежни работи (асфалтирање) така што истиот ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 11-17 часот секој ден се до завршување на работните активности.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи