Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно влажни коловози
Dik 300x250 mk

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови

Тепачка по сообраќајно недоразбирање во Аеродром – три лица вмешани во инцидентот

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“