Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна расправија завршила со закани со пиштол

Сообраќајна расправија завршила со закани со пиштол

Вчера, во 19.12 часот, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, А. М. (19) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица, кои потоа извадиле пиштол и испукале неколку куршуми во воздухот. Повредени лица од огненото оружје нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Украл автомобил од двор па го возел без дозвола, уапсен маж од Валандовo

Петровска: Мнозинството одби закон за електронски нараквици за заштита на жените

Савески ветува дека веќе нема да има предмети во фиока