Утрински Весник
Свет

Сообраќаен хаос на словенечко-хрватската граница во пресрет на викендот

Сообраќаен хаос на словенечко-хрватската граница во пресрет на викендот

Претстојниот викенд се смета за еден од најударните во туристичката сезона во Хрватска, а утрово веќе се забележува голем метеж на патиштата кон хрватското крајбрежје, пренесуваат регионалните медиуми.

Како „најкритична“ се оценува ситуацијата на граничните премини со Словенија.

Според најавите на Авто-мото сојузот на Хрватска, зголемен метеж се очекувал дури во попладневните часови, пренесува порталот „Индекс“.

Според податоците од системот е-визитор, во моментов во Хрватска има 760.000 гости, од кои 126.000 се домашни, а најбројни се станските посетители од Германија.

Од туристичките организации во земјата очекува дека 1 август, како и секоја претходна година, ќе биде ударен ден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови

Русија употреби нов дрон Geran-5 во Украина

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести