Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сончево со умерена облачност, попладне можен локален дожд

Променливо облачно со локален дожд и температура од 7 до 13 степени
Img 7972

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови, претежно на истокот, ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од  14 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Од почетокот на следната недела ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата. Дневните температури ќе бидат без значителна промена. Утринските ќе бидат од неколку степени над нулата и повисоки. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кумановец измамен за 1,1 милион денари при купување градежни машини

Емотивна порака од родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели

Банките заинтересирани да ја финансираат пругата кон Бугарија, вели Мицкоски