Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност, попладне краткотраен дожд

Утре умерено облачно со краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во сабота под влијание на влажен бран ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, на места и пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец.

Можете да прочитате

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка

Сиљановска-Давкова: Празникот да ни донесе радост во срцето, светлина во душата и мир во умот

Финансиска полиција: Пронајдени 350.000 евра во таен простор во Неготино при извршен претрес на дом