Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност и температури до 22 степени

Сончево со мала облачност и температури до 22 степени

Времето денеска наутро по одделни котлини и речни долини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степени.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачности и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Можете да прочитате

ОЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира

Крајовски: Битолчани се колатерална штета на бизнисите на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, бараме истрага за труењето во РЕК

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла